Греење

Проектирање и изведба на различни видови системи и решенија предвидени за греење на вашите објекти

Грејни системи

  • Радијаторско греење

Радијаторското греење може да се изведе на неколку начини, односно коага цевната инсталација се води во самиот под на објектот и кога цевната инсталација се води надворешно по внатрешните ѕидови на самиот објект.

Во случј кога цевната инсталација се води во самиот под на објектот, првенствено се издвојува функционалноста и естетиката.  Цевната инсталација се поставува во самите слоеви на подот и е потполно невидлива.

Во случај кога цевната инсталација се води надворешно по внатрешните ѕидови на објектот, како предност моше да се издвои достапноста на инсталацијата при одредени интервенции, како и тоа што на веќе готови објекти со завршени градешни работи, единствено може да се имплементира овој систем.

  • Површинско греење

Површинското греење е модерен систем односно систем кој грее без да се почувствува циркулација на воздух во просторија. Тоа може да биде фо форма на подно , ѕидно и плафонско. Најексплоатиран систем на површинско греење е подно греење. Принципот на загревање на просториите е едноставен односно преку загревање на голема површина (подот) се обезбедува пријатно чувство а притоа се добива енергетски ефикасен систем. Изведбата на овој систем  на греење е преку инсталација на цевки предвидени за подно греење низ целиот под на објектот. Подното греење се карактеризира со најидеален температурен профил на просторот.

  • Вентилоконвекторско греење

Вентилоконвекторскиот систем на  греење  претставува систем со кој принудно се обезбедува циркулација и загревање на просторот. Греењето се обезбедува преку инсталирање на вентилоконвектори во самите простории кои преку цевна линија водена во самииот под на објектот се поврзуваат со изворот на топлина. Со овој тип на греење се појавува одредено чуство на циркулација на топлиот воздух во просториите.

Локација

Нашиот Tим

ЕН-КОНТ како компанија се стреми да ги завршува своите обврски според светските стандарди, брзо, навремено и квалитетно.

Развој

Со искуството повеќе од 20 години, нашиот тим постојано се надградува и ги следи светските новитети и стандарди, кои подоцна преку обуки и признанија ги имплементира на нашиот пазар.

Facebook Page