Професионални системи

ПРОФЕСИОНАЛНИ СИСТЕМИ

Мултисплит  системи

MXS

Мултисплит надворешната единица тип-МXS можe да поврзе до 5 внатрешни единици. Можно е да се комбинират различни типови на внатрешни единици: ѕидни, подни, касетни со кружен проток, тавански, подно-тавански типови и скриено-тавански единици.

Предности на МУЛТИСПЛИТ СИСТЕМИТЕ:
– Климатизирање во секоја соба
– На едно надворешно тело тип „мулти“ можат да се поврзат до 5 внатрешни тела
– Се намалуваат трошоците и местото за инсталирање
– Сите внатрешни тела можат да се контролираат пооделно со далечински управувач
– Богат избор и можност за комбинирање на различни типови на внатрешни тела – ѕидни,подни, скриено-тавански и др.единици со различни капацитети
– Може да се избере најповолното внатрешно тело за спална,дневна или друга просторија во зависност од условите за монтажа и личните потреби на корисниците
– Со мулти-сплит системите се постигнува идеална клима во сите простории
– И едно внатрешно тело може да затопли или да олади цела куќа, канцеларија или помали комерцијални простории

види повеќе »»


RXYSQ-P

СУПЕР МУЛТИ СИСТЕМОТ-RXYSQ-P е систем кој подразбира поврзување на еден надворешен агрегат со максимум 9 внатрешни тела. Внатрешните тела можат да бидат од различен тип и при тоа можат да се управуваат наполно самостојно,
зависно од амбиеталните и индивидуални потреби.

КАРАКТЕРИСТИКИ:
– Намалено ниво на бучавост благодарение на регулационите вентили
– Должина на потребна мрежа до 145 метра
– Овој тип надворешна единица користи модерна `PAM Inverter` технологија ..
– Употребата на овој уникатен систем на управување го подобрува ладењето и греењето при намалени трошоци на енергија

MIO КОНТРОЛ `Multi Input and Output` -преставува управување базирано на многукратните сигнали за влез/излез.
– Овој систем овозможува поголем комфор отколку во случајот-fuzzy control
– Ја подобрува системската конвергенција и го забрзува стартот

види повеќе »»


АЛТЕРМА

Бивалентен систем
Создадете дом кој штеди енергија со помош на Daikin Altherma

Бивалентниот состав е идеален доколку се сака да се намалат погонските трошоци и да се зголеми искористливоста на постојните системи за греење ,без замена на постојните котли. Со овој систем сега е многу поедноставно  да се создаде дом кој штеди енергија:со заедничко користење на постојниот котел на фосилни горива и  со топлинската пумпа која користи обновливи извори на енергија , ќе ги намалите своите  сметки за потрошена енергија.
Нема потреба за замена на вашиот систем за греење: едноставно додадете нова топлинска пумпа за зголемување на температурата за загревање  на веќе постојниот котел на фосилни горива  и веќе сте создале дом кој штеди енергија.Топлинската пумпа Daikin Altherma овозможува зголемена искористливост , а  ја намалува потрошувачката  на енергијата на целиот систем , овозможувајќи дом кој штеди на енергија со мали ангажмани  отколку да го  заменувате целиот систем.


Нискотемпературна Алтерма

Ценовно подобра алтернатива од болјерите на фосилни горива
Altherma како систем  е споредлива со конвенционалните системи за греење, а развиена е врз база на технологијата на топлотни пумпи, кои се еколошки поприфатливи а исто така и поекономични и поедноставни за одржување.

 

 

 

 

Ниска потрошувачка на енергија и ниска емисија на  CO2
Конвенционалните горива во последниве години стануваат се подефицитарни и се поскапи  и поскапи.Како нивната цена расте ,така еден од најатрактивните обновливи извори  на енергија станува технологија на топлотните пумпи од типот ” воздух-вода” Овие пумпи со самото тоа што ја користат бесплатната енергија од околината ( воздухот) преставуваат три пати поефикасен систем за греење од конвенционалните системи за таа цел. Исто така не треба да се заборави и на фактот што нема никаква директна емисија на  CO2.

 

Едноставни за инсталација
Kомпактната надворешна единица можно е да се постави  боло каде надвор од објектот,при што  нема потреба од никакво копање,бушење  и други  земјани работи. Исто така и внатрешниот хидроблок се вградува било каде внатре во самиот објект, За него не е потребна   посебна просторија , а не е потребна и   друга дополнителна инфраструктура од типот на оџаци,цистерни за гориво, приклучок за плин или слично.Althermата има можност  да се поврзе со сите стандардни  високотемпературни радијатори, а може да се употреби и при новоизградени објекти, но ис така со голема ефикасност  може да се користат и при реновирани и адаптирани згради.

  • Тела за загревање
  • Подно греење
  • Нискотемпературни радијатори
  • Вентилконвектори

Можности

Соларна опрема за производство на топла вода За уште поголема ефикасност и уште поголема заштеда на енергија, Daikin нуди и комплетен соларен систем.Со него може да  се обезбеди и  до 70% на потребната енергија,искористена  за добивање на топла санитарна  вода.

Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбена и комерцијална употреба

Ако сте се одлучиле да го смените вашиот систем за греење , со енергетски ефикасен и поекономичен систем , тогаш Daikin Altherma е вистинското решение . Алтермата преставува систем за греење и производство на топла  санитарна вода , базирана  на технологијата на топлотни пумпи  кои ја користат и ја  добиваат топлината од воздухот.Со самото тоа овој систем преставува соодветна и економична замена  на котлите на фосилни гориваПредност е што  покрај греење овој систем има опција  за ладење во летните периоди.
Високо енергетски-ефикасната топлотна пумпа  со технологијата на компресор ја претвара неискористената и неисцрпна топлина од надворешниот  воздухот, во корисна топлина  потребна за самиот систем за климатизација или за добивање на топла санитарна вода.Со самото тоа Сите карактеристики за  енергетски ефикасен систем, како што е намалената потрошувачка на енергија и намалената емисија на СО2  , ги поседува   Daikin Altherma и затоа  со право , оваа топлотна пумпа преставува  идеален избор за сечиј дом или комерцијален простор нудејќи идеален комфор.

Конвектори за топлотни пумпи

Конвекторите  на топлински  пумпи  се многу  повеќе отколку вентилконвекторските единици или другите  видови на предаватели на топлина.Конвекторите на топлотни пумпи  можат по потреба да обезбедат греење,ладење  и  да  постигнат оптимална енергетска ефикасност  кога ќе  се поврзат со системот – Daikin Altherma,  особено  за  новоизградените куќи

Високотемпературна Алтерма

Греење и топла санитарна вода
Високотемпературната  Daikin Altherma е вистинско решение за замена на класичните котли за греење.

Замена на класичните котли
Високата температура на водата што се произведува во овој систем, е идеална за греење и на санитарната вода што се користи во домаќинството.Овој систем совршено лесно може да го замени класичниот котел и да се поврзе со веќе постоечкиот систем на цевки.Поради тоа високотемпературната   Daikn Altherma е идеално решение за објекти кои се реновираат.Сплит системот на овј тип ALtherma се состои од надворешна и внатрешна единица и можност за приклучок на комплетна соларна опрема.

Ценовно подобра алтернатива од болјерите на фосилни горива
Altherma како систем  е споредлива со конвенционалните системи за греење, а развиена е врз база на технологијата на топлотни пумпи, кои се еколошки поприфатливи а исто така и поекономични и поедноставни за одржување.

Ниска потрошувачка на енергија и ниска емисија на  CO2
Конвенционалните горива во последниве години стануваат се подефицитарни и се поскапи  и поскапи.Како нивната цена расте ,така еден од најатрактивните обновливи извори  на енергија станува технологија на топлотните пумпи од типот ” воздух-вода” Овие пумпи со самото тоа што ја користат бесплатната енергија од околината ( воздухот) преставуваат три пати поефикасен систем за греење од конвенционалните системи за таа цел.Исто така не треба да се заборави и на фактот што нема никаква директна емисија на  CO2.

Едноставна за инсталирање и вградување
Компактната надворешна единица може едноставно  да се постави било каде надвор од објектот, без   други дополнителни  земјени работи, бушења и слично.Исто така и внатрешната единица-хидробоксот  се вградува било каде внатре  на самиот објект.Притоа нема  потреба од посебна просторија за сместување на единицата,дополнителни приклучоци за  оџак, котел за гориво или приклучок за гас.Алтермата едноставно после монтирањето може да се поврзе со сите стандардни висококотемпературни  радијатори   . Како таква таа е идеално решение за нови објекти како и за реновирани куќи.

Грејни тела
Високотемпературни радијатори

Можности
Соларна опрема за производство на топла вода
за уште поголема ефикасност и уште поголема заштеда на енергија, Daikin нуди и комплетен соларен систем. Со него може да  се обезбеди и  до 70% на потребна енергија,искористена  за добивање на топла санитарна  вода.

Katalog Altherma

Обновливо и енергетски ефикасно решение за стамбени и комерцијални простории
Daikin Altherma е целосен систем на греење и производство на топла санитарна вода,базиран на технологијата на топлински пумпи која ја   добива  топлината од воздухот.Исто така таа претставува ,прилагодлива и економична замена за конвенционалните котли на фосилни горива, која во себе  ја  има и  опцијата  на ладење.Сите карактеристики за енергетска ефикасност што ги поседува   Daikin Altherma ја прават идеално решение за намалување на потрошената енергија и намалената емисија на  CO2 .Тоа се два системи за греење, со можност за  високи или  ниски температури  кои даваат оптимална удобност.Најважно од се е што овие системи се многу едноставни за монтирање и не бараат многу простор, а пружаат голема удобност и комфор во текот на целата година.

Конвектори за топлотни пумпи
Конвекторите  на топлински  пумпи  се многу  повеќе отколку  вентилконвекторските единици или другите  видови на предаватели на топлина.Конвекторите на топлотни пумпи  можат по потреба да обезбедат  греење,ладење  и  да  постигнат оптимална енергетска ефикасност  кога ќе  се поврзат со системот – Daikin Altherma, особено  за  новоизградените куќи.

види Daikin Altherma каталог  »»

VRV Системи

VRV (Variable Refrigerant Volume)  . Концепт на ПОТПОЛНО  решение.
VRV IV  – 3 нови, револуционерни стандарди
Променлива температура на разладниот флуид
Постојано греење и во тек на фаза на одмрзнување

VRV конфигуратор

+ VRV IV Технологија
+ Интегрирана климатска контрола

OПШТА   ПОДЕЛБА НА VRV IV

VRV IV  со воздушно ладење
VRV IV  со  водено    ладење

ЕДЕН СИСТЕМ,  БРОЈНИ ПРИМЕНИ

……………. За  хотели, канцеларии, продавници, станови ……….

›› Решение за сите климатски услови од   -25°C до  +52°C
›› Флексибилна инсталација за сите згради
›› Можност за прилагодување на сопствените потреби со  постигнување на максимална ефикасност.
›› Нов стандард  за комфорно греење.

Греење и ладење

Комбинирани надворешни VRV  единици со модерни внатрешни единици  во рамките на еден систем.
Нова касета со кружен проток на воздухот: – повисок стандард на ефикасност и комфор.

Нискотемпературен хидробокс со цел за поголема ефикасност при загревање на просторот.  
Се користи за:

›› Подно греење
›› Стандардни нискотемпературни радијатори
›› За конвектори на топлотни пумпи
›› Топла вода  од 25 до 45 С

Високо температурен  хидробокс за ефикасно производство на топла вода за

›› Тушеви
›› Мијалници
›› Вода за  перење
›› Топла вода од + 25 до +80°C

Oдвојување  на воздух со употреба на Biddle воздушни завеси.

Широка палета на внатрешни единици
›› Совршен комфор
›› Нечујна тивка работа
›› Елегантен дизајн
›› Можност за скриена инсталација

Вентилација

Можност за комбинирање на  добивањето на свеж воздух  и климатизација ,во рамките на еден  единствен систем

›› Поврат на топлина меѓу надворешниот и внатрешниот воздух
›› Free-cooling
›› Оптимална контрола на влажноста
›› Филтрација  која осигурува добивање на чист воздух

види повеќе »»

Локација

Нашиот Tим

ЕН-КОНТ како компанија се стреми да ги завршува своите обврски според светските стандарди, брзо, навремено и квалитетно.

Развој

Со искуството повеќе од 20 години, нашиот тим постојано се надградува и ги следи светските новитети и стандарди, кои подоцна преку обуки и признанија ги имплементира на нашиот пазар.

Facebook Page