Проектирање и изведба на различни видови системи и решенија предвидени за ладење на вашите објекти.
Ладилни системи
-
Површинско ладење
Површинското ладење е модерен систем односно систем кој лади без да се почувствува циркулација на воздух во просторија. Тоа може да биде фо форма на подно , ѕидно и плафонско. Најексплоатиран систем на површинско ладење е плафонско ладење. Принципот на ладење на просториите е едноставен односно преку ладење на голема површина (плафон) се обезбедува пријатно чувство а притоа се добива енергетски ефикасен систем. Изведбата на овој систем на ладење е преку инсталација на цевки предвидени за полафонско ладење низ плафоните на објектот. Постојат два типа на изведна и тоа: сув систем и мокар систем.
-
Вентилоконвекторско ладење
Вентилоконвекторскиот систем на ладење претставува систем со кој принудно се обезбедува циркулација и ладење на просторот. Ладењето се обезбедува преку инсталирање на вентилоконвектори во самите простории кои преку цевна линија водена во самиот под на објектот се поврзуваат со изворот на студ. Со овој тип на ладење се појавува одредено чуство на циркулација на ладниот воздух во просториите.