Водоводни инсталации за станбени објекти
Постојат два основни изведби на водоводни инсталации
- Стандарден начин на изведба, кој подразбира инсталирање на цевките по ѕидовите на објектот до крајниот потрошувач ( славини за вода , казанчиња, туш батерии и слично ).
Типовите на цевки кои најчесто се користат се полипропиленски и полиетиленски цевки, додека во минатото најчесто се користеа поцинкувани цевки.
Начините на поврзување на цевките се со лепење ( со претходно загревање) и со прес фитинг, при што секој од начините на поврзување користи соодветен алат.
- Вториот начин на изведба е со распределители на вода кои се сместени во соодветно ормарче. Се поставуваат по два распределители и тоа за ладна и топла вода. До секој потрошувач се доведуваат цевки кои се водат во под и истите се обезбедени со вентили во ормарчето.
Водоводни инсталации за приклучување на градска водовдна мрежа
Овој тип на инсталации подразбира приклучување на станбени објекти кон градската водоводна мрежа. Во овој случај се користат ливено железни цевки со соодветни фитинзи. Тие од главната водоводна мрежа се доведуваат до водомерна шахта, каде е поставен главниот водомер за соодветниот објект.
Водоводни цевки за ПП инсталации
Овој тип на инсталации најчесто се изведуваат од поцинкувани цевки, поврзани со соодветни поцинкувани фитинзи. Тие најчесто се поврзуваат на соодветна хидростаница која обезбедува стабилен водоводен притисок.
Фекални и атмосферски канализациони цевки за станбени објекти
- За канализациони инсталации се користат ПВЦ одводни цевки. Тие се спојуваат со соодветни ПВЦ фитинзи. Во зависност од производителот постојат ПВЦ цевки со различен квалитет во смисла на квалитет на материјалот, дебелината на ѕидот на цевката и звучна изолација на цевката. Комплетната одводна инсталација од соодветниот објект се спроведува до соодветна канализациона шахта која е поврзана со градската мрежа.
- Друг тип на цевки кои можат да се инсталираат се СМЛ гусани цевки кои исто така користат соодветни СМЛ фитинзи. Исто како и ПВЦ цевките и СМЛ цевките се спроведуваат во градската канализациона мрежа.
Фекални и атмосферски канализациони цевки за поврзување на градска водоводна мрежа
За главна градска мрежа се користат коругирани и гибливи црева, кои се поставени во ровови во земја и најчесто поврзуваат две канализациони шахти.