Проектирање и изведба на различни видови системи и решенија предвидени за вентилација на вашите објекти.
Доколку објектот нема можност за природно доведување на свеж воздух во просториите и одведување на истрошениот воздух од нив, потрбно е да се инсталира систем за принудно доведување на свеж воздух и одведување на истрошениот воздух, односно вентилирање на објектот.
Вентилацијата на објектот се врши преку инсталирање на каналска мрежа, преку која со помош на вентилатори се доведува или одведува воздухот.